Добредојдовте во второто ниво од курсот „Проценка на дискалкулија“, каде преминуваме од основна идентификација кон подлабоки и структуриран пристап за проценка. Ако во првото ниво се запознавме со неформалните техники, чек-листи и значењето на набљудувањето, во ова ниво ќе се фокусираме на формалните методи и специјализирани алатки за проценка на дискалкулија.
Ќе разгледаме како изгледа систематска евалуација на бројните вештини, со посебен акцент на скринингот развиен од Брајан Батерворф, кој е еден од најрелевантните и најчесто користените инструменти во оваа област.
Во ова ниво ќе научите:
- Кои се клучните карактеристики на формалната проценка
- Како функционира скринингот според Батерворф
- Што треба да знаете пред да користите стандардизиран тест
- Како да ги интерпретирате резултатите и да ги користите за развој на интервенции
- Улогата на обучени професионалци и како да соработувате со нив
„Најголемиот подарок што можеме да им го дадеме на децата е да ги видиме такви какви што се – а не какви што очекуваме да бидат.“н— Анонимно
Ова ниво не е само за подобрување на знаењето, туку и за унапредување на практиката. Ќе ве оспособи со алатки и вештини кои ќе ви помогнат да учествувате во мултидисциплинарниот процес на проценка, и да станете вистинска поддршка за децата кои се борат со математичките предизвици.
👩🏫 Автор на курсот: Дарја Николовска – Здружение за дислексија „Ајнштајн“
🌍 Овој курс е дел од проектот: DysAcademy – Онлајн академија за специфични тешкотии во учењето
💡 Финансиран од: Европската Унија преку Еразмус+ програмата
🔗 Следете нè:
📘 Facebook: Здружение за дислексија Ајнштајн
🌐 Веб-страница: www.dysacademyproject.eu
📝 По завршувањето на сите лекции, решете го квизот за проверка на знаењето и преземете го вашиот сертификат!
Карактеристики
- Лекции 18
- Квиз 1
- Времетраење Lifetime access
- Skill level Средно
- Language Македонски
- Students 127
- Сертификат Yes
- Assessments Self
- 4 Sections
- 18 Lessons
- Lifetime
- Лекција 16
- Лекција 25
- Лекција 37
- Квиз Проценка на дискалкулија - Ниво 21
